Македонија
27. April 2024 - 16:32

Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници

Плаче срце од три страни, што крвави многу години- во еден глас новите полициски службеници кои ја завршија обуката во центарот Идризово, ја пееја една од најпатриотските македонски песни кога го пречекаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

МВР доби засилување од 508 нови полициски службеници. По успешно завршената едногодишна обука во центарот Идризово, 416 мажи и 92 жени ќе бидат дел од полицијата на Македонија.

Горди родители, роднини, пријатели но и припадници на МВР, им ја честитаа новата етапа на младите полициски службеници.

Техничкиот премиер Џафери на свечената церемонија со охрабрувачки пораки, да ја вршат чесно професијата и да се однесуваат еднакво кон сите граѓани.

Изјава- Талат Џафери, технички премиер

Да го сочуваат интегритетот и да ја вршат достоинствено работата, чувајќи ја безбедноста на Македонија- им порачаа и првите луѓе на МВР.

За најдобар од генерацијата 2023/2024 беше прогласен Андреј Тодороски, на кого му беше доделена свечена плакета од претседателот на Владата.