Фото: Зоран Милановиќ/инстаграм

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска, коментирајќи ја актулната состојба во Хрватска и прашањето за децентрализација, изјави дека од поранешните социјалистички земји Хрватска е дното и единствено Бугарија е полоша.

– Бугарија е единствено полоша од нас и секое утро му се молиме на Бога да има кој да биде последен… Тоа не е она со што треба да се задоволиме. Сега немам ништо со ниту една партија, ниту со ниту еден изборен список. За почеток, Хрватска мора да биде некаде на средина, а потоа да размислува да биде најдобра во конкуренција со Унгарија, Чешка, а не со Данска и Шведска, да биде како Словенија, која имаше менаџерски способности и среќа да се развие малку поинаку отколку Хрватска во изминатите 30 години и можете да го видите тоа – рече Милановиќ.

Тој потенцираше дека на Хрватска ѝ треба децентрализација и дека Хрватска треба да биде конкурентна со Унгарија и со Чешка, да биде како Словенија.