Свечена промоција на нови полициски службеници – генерација 2023-2024 година, се одржа денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, со почеток во 11:00 часот.
На промоцијата се обратија премиерот на техничката Влада, Талат Џафери, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, и Сузе Трајковска, раководител на Центарот за обука на МВР.
Настанот беше пренесуван во живо на официјалната страница на Министерството за внатрешни работи.