Филипче: Пораката од граѓаните е јасна-потребни се темелни промени

by Фокус

Пораката од граѓаните и од нашите поддржувачи кои не гласаа е јасна – потребни се темелни промени со кои мора да се зафатиме веднаш по изборите, порача носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица 4, Венко Филипчe. Според него, не е момент за откажување.

-Природно е да се чувствуваме обесхрабрени при ваков резултат. Но, големината на еден човек не се гледа во победите, туку во поразите. Пораката од граѓаните и од нашите поддржувачи кои не гласаа е јасна. Потребни се темелни промени со кои мора да се зафатиме веднаш по изборите. Но, сега е време за работа и воопшто не е сеедно колку пратеници ќе има СДСМ во идното Собрание. Имаме одлични кандидати кои ќе ги бранат интересите на граѓаните – рече Филипче на средба со граѓани.

Тој додава оти никогаш, дури ни во најтешките моменти од неговата кариера не се откажал, па и сега, како што рече, нема да се откаже ниту тој ниту СДСМ.

Поврзани новости