Американските разузнавачки агенции утврдија дека рускиот претседател Владимир Путин најверојатно не го наредил убиството на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затвор во февруари, објави денеска Wall Street Journal (WSJ), повикувајќи се на неименувани добро упатени извори.
Изворите рекоа дека проценката на САД се заснова на низа информации, вклучително и некои доверливи разузнавачки информации и анализа на заеднички факти, вклучително и дека смртта на Навални дојде пред претседателските избори во Русија и го засени реизборот на Путин во март.
Помошникот на Навални Леонид Волков оцени дека тврдењата на американските разузнавачки агенции се „наивни и смешни“, пишува весникот.