(ВИДЕО) Над 70 торнада направија пустош во САД

by Фокус

Најмалку три лица се повредени во десетината торнада што го погодија централниот дел на САД, предизвикувајќи значителна материјална штета, соопштија властите.

Американската метеоролошка служба во петокот забележа над 70 торнада ширум земјата од накголем дел беа околу градот Омаха, Небраска и во близина на Ајова.

Како резултат на невремето, уништени или оштетени се десетици домови и згради, искинати се далекуводи, а забележано е излетување и на возови од шини.

Торнадата како временски феномен се тешко предвидливи и релативно се чести во САД, особено во централните и јужните делови на земјата.

Поврзани новости