Бобан Илиоски е светски кик бокс првак

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1 (до 88,6 кг). Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје Илиоски со одлука на судиите салвеше 2-1 против Берк Дузенли од Турција, актуелен светски аматерски првак.

Првите две рунди поминаа во тактичка борба, имаа успешни акции и двајцата кикбоксери. Берк покажа зашто бил светски првак, многу жилав и тактички добро подготвен.

Во третата рунда Боби имаше два многу чисти удари. Висок удар, маегери, летечкои колено, лоу кик зададе Илиоски во 4.рунда, а на крајот прими две крошеа.

Во петтата неколку летечки колена, крошеа и директ од Боби.

Илиоски имаше целосна поддршка од публиката, а Комитите направија атмосфера како што доликува на ваков меч. Тој им се заблагодари на публиката и на Комитите и кажа дека ова е голема работа за него.

Илиоски е актуелен светски и европски ВАКО-аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Република Македонија, спортист на годината за 2023 година.

Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, кој е еден од најголемите настани во регионот. Настанот е во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија.

ВАКО Про Арена фајт најтс:

88,6 кг Бобан Илиоски – Берк Дузенли (Турција) за светската титула на ВАКО Про К1 2-1

Извор: Ипон.мк