Победа на Реал во Сан Себастијан

Во воведниот натпревар од 33. коло во шпанското првенство, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Реал Сосиедад со 1:0 на гостински терен и дојдоа на дофат на титулата.

Стрелец на единствениот гол за Реал Мадрид беше Арда Ѓулер во 29. минута. Баскијците беа целосно рамноправни, ако не и подобар противник, но не постигнаа гол. Израмнија во 33. минута, но потоа голот беше поништен по прегледот на ВАР поради прекршок над Орелиен Чоамени. Исходот на натпреварот не се промени до крајот.

Мадриѓаните сега имаат 14 бода предност пред најблискиот ривал Барселона на врвот во Ла Лига и се на пат кон нова шпанска титула.

На врвот е Реал Мадрид со 84 бодови, Барселона со натпревар помалку на второто место и 70 бодови. Следуваат Жирона со 68, Атлетико Мадрид со 61 и Атлетик Билбао со 58 бодови. Реал Сосиедад моментално е шести со 51 бод.