Тајните на холивудските лица кои не стареат: Том Круз конечно призна со што ги храни младешкиот изглед и витото тело

213
epa10723488 Cast member Tom Cruise arrives on the red carpet for the Australian Premier of Mission Impossible - Dead Reckoning Part One, at the ICC Sydney in Sydney, Australia 03 July 2023. EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Многу филмски фанови остануваат без зборови пред мистеријата како тоа Маверик од култниот филм „Топ Ган“ за разлика од своите колеги, остана ист. Можеби по некоја брчка ќе се забележи на неговото лице да го издаде, но насмевката и држењето остануваат непроменети уште од првото продолжение од 1086 година.

Јавноста не остана нема ни пред неодамнешниот настан кога на  50-тиот роденден на Викторија Бекан му помогна да стане на фотографот што се сопна на скали, покажувајќи ја уште еднаш својата форма.

Том Круз го откри начинот на исхрана кој го прави вит и способен сам да ги изведува своите егзибиции.

Избегнува јаглехидрати

Тој избегнува јаглехидрати богати со голем гликемиски индекс кои се содржани во храната како печивата, тестенините и житарките.

Актерот сепак не е секогаш на диета без јагледни хидрати. Всушност, еднаш дури го сподели својот рецепт за шпагети, прозивајќи се како крал на карбонарата.

Консумира варена и печена храна

Оваа филмска ѕвезда се држи настрана од се што е пржено. Круз се колне во храна зготвена на ниски температури, главно на скара. Тоа е затоа што храната зготвена на високи температури има тенденција да предизвика хронично воспаление на ткивата и да го забрза стареењето.

Некои од многуте студии покажуваат дека една од најдобрите навики во исхраната за луѓето над 50 години е да јадат антиинфламаторна храна, како што се лосос, темно чоколадо, сиров овес, боровинки, ѓумбир, цвекло, брокула, маслиново масло, домати и спанаќ.

И покрај густиот распоред на сетот, Том одржува високо ниво на енергија дури и навечер кога повеќето луѓе почнуваат да дремат. Тајната, вели тој, е во здравите грицки како јаткастите плодови и органските боровинки. На крајот на краиштата, не е изненадување што Круз може вешто да се качува по карпи, да скока од нив, да лета со авиони, хеликоптери, да вози тркачки автомобили и да прави сè што му овозможува да го живее животот во потполност.

Избегнува шеќер

Шеќерот во форма на бонбони е строго забрането за Круз, особено кога се подготвува да снима акробатски сцени на снимање. Истражувањата покажуваат дека шеќерот може да го забрза стареењето предизвикувајќи воспаление и оштетување на колагенот и еластинот. Јадењето премногу шеќер исто така може да го забрза стареењето и брчките на кожата.

Различни спортови како погон

„Кајакарење по море, спалеологија, мечување, лента за трчање, истегнување, качување по карпи, планинарење, трчање… се само дел од активностите што ги правам“, одговори Том на прашањето како останува млад и потврди дека неговото тело се уште е во полна сила.