Главниот дизајнер во редовите на Ред Бул, Адријан Њуи, ќе го напушти тимот по контроверзноста што вклучува обвинувања против директорот на тимот, Кристијан Хорнер.

Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, ја соопштил својата одлука да го препушти тимот на челниците на Ред Бул, објави „Би-би-си“.

Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка на тимот. Хорнер ги отфрли обвинувањата.

Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.