Во ДИК пристигнал само еден приговор, за гласањето во Липково

Истече рокот за поднесување приговори за постапката за гласање, до Државната иборна комисија (ДИК) пристигна еден приговор за постапката на гласање во Липково, потврди Радица Тодоровска Алексовска, портпаролка на комисијата.

Во сабота во 19 часот истекува рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа.

Доколку не се задоволни од одлуката на ДИК, кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак, треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.