EPA-EFE/JONO SEARLE

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по мастерсот во Рим, ќе одлучи дали ќе настапи на својот омилен турнир, Ролан Гарос.

  • Овие натпревари не го менуваат мојот став дали да се натпреварувам во Париз. Сепак, одлуката за Париз ќе ја донесам по турнирот во Рим. Не сакам да играм во Париз без чувство дека можам да се натпреварувам. Тука не мислам само на победите туку и на тоа дека ќе можам да дадам сè од себе на натпреварите. Мислам дека е логично, по сè што направив во Париз – изјави Надал.

Во текот на кариерата, Надал се справуваше со голем број повреди.

  • Тоа е дел од мојата кариера, за жал. Имав многу повреди и морав да се вратам. Добрата работа е што успеав да се вратам силен за многу кратко време, затоа успеав да ја задржам мојата позиција, бев конкурентен. Денеска е поинаква приказната. Никогаш не сум бил надвор од турнејата олку долго, со толку многу операции. Не сум негативен, само сум реален. Јас сум тука да истражам што може да се случи – заврши Надал.