Жена наседнала на измама од лажен Илон Маск, изгубила 50.000 долари

59

Илон Маск ви се јавува на Инстаграм и ви бара 50.000 долари, која е вашата прва мисла? Верувале или не, ништо од ова не изгледало сомнително на една жена од Јужна Кореја.

Неодамна, оваа жена, која сакаше да остане анонимна, изјави за локалните медиуми во Јужна Кореја дека била измамена и изгубила 50.000 долари од лице кое се преправало дека е Илон Маск.

Измамата започнала на Инстаграм, каде жртвата, голем фан на Маск, добила барање за „следење“ од профил за кој се тврди дека е шефот  на „Тесла“. Отпрвин, рече таа, била скептична.

„Минатата година доживеав нешто како сон. „Маск“ ме следеше на Инстаграм. Иако бев голем обожавател на Маск откако ја прочитав неговата автобиографија, на почетокот се сомневав дека тоа е вистина“, изјавила таа.

Измамникот, сепак, продолжил да ја убедува испраќајќи слики од Маск на работа, како и фотографии од неговата „лична карта“. На крајот поверувала дека тоа е вистинскиот Маск, најмногу затоа што разговарале за деталите од приватниот живот на овој милијардер.

„Овој „Маск“ зборуваше за неговите деца и доаѓањето на работа во „Тесла“ или Спејс Икс со хеликоптер“, рече таа.

Измамникот дури и кажал за средбата меѓу Маск и јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол во април 2023 година, велејќи дека разговарале за изградбата на гигафабриките на Тесла.

Довербата дополнително беше воспоставена за време на „длабоко лажен“ видео повик во кој измамникот, преправен во Маск, и кажал на жената дека ја сака.

Потоа ѝ претставил на жената лажна „можност за инвестирање“, тврдејќи дека сакал да ги награди своите најголеми обожаватели.

„Тој рече дека по случаен избор контактира со обожавателите и дека е среќен кога тие ќе се збогатат“, објаснила оваа жена.

Конечно, тој испратил број на корејска банкарска сметка и ја убедил да префрли 50.000 долари.