Киев евакуира две болници по изјавите на шефот на белоруското разузнавање

Властите во украинска престолнина Киев во петокот евакуирале две цивилни болници, по изјавите на директорот на белоруската безбедносна служба кој тврдеше дека во нив се сместени војници и воени позиции, што предизвика страв од воздушен напад.

Градската управа на Киев соопшти дека видеото кое кружи на интернет, а кое не го идентификуваше, содржи закана за напад на два објекта, вклучително и детска болница, под лажна претпоставка дека таму се стационирани војници.

„Ова е апсолутна лага и провокација на непријателот, со која тој се обидува да ја нападне социјалната инфраструктура на главниот град“, напиша управата на Телеграм.

Иван Тертел, шефот на белорускиот Комитетет за државна безбедност (КГБ), објави адреси на две болници во Киев каде, како што рече, борците „се криеле зад грбот на децата“.

„Сите тие ќе ги сносат последиците, иако ги избраа болниците во Киев за свое дувло“, рече Тертел во говорот што го пренесе државната новинска агенција БелТА.

Белоруските трупи не учествуваат во војната во Украина, но Минск е близок сојузник на Москва. Руските сили ја користеа белоруската територија како база за нивната инвазија на Украина во февруари 2022 година. Белорусија и Русија, инаку, од првата половина на 1990-те имаа договор за заедничка ткн Сојузна држава.

Руските сили често ја обвинуваат украинската војска дека своите борбени позиции ги лоцира во критична цивилна инфраструктура, како што се болници, детски градинки, училишта и во станбени згради, а особено тоа го практикувала во градовите во кои мнозинството население е руско и украинско наклонето кон Русија, како што беше случајот при тримесечната опсада на јужниот град Мариопул,

Градските власти на Киев соопштија дека ги префрлаат пациентите и персоналот од двете болници во други медицински установи. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека во петокот посетил две болници.

„Правиме сѐ за да ги заштитиме децата, нивните родители, возрасните пациенти и персоналот од можен напад врз овие медицински установи, најавен од агресорот“, рече Кличко.

Од февруари 2022 година, Русија редовно ја напаѓа Украина со воздушни напади со долг дострел. Москва негира дека цели на цивили, но многу цивили се убиени во воздушни напади, за кои руската војска тврди дека се трагичен резулат на пограшните истрели на украинската артилерија, и од падот на паричиња од проектили од дејството на украинската противвоздушна одбрана поставена во станбени населби и згради.