Демири: Ако Токсикологија не е осигурена, тогаш одговорност да понесе менаџментот на Клиниката

by Фокус

Штетата од синоќешната хаварија на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е санирана, изјави министерот за здравство Илир Демири кој за наводите дека објектот не е осигурен рече дека ако е тоа точно менаџментот на Токсикологија треба да ја сноси одговорноста.

-Ако зборувате за хаваријата со цевката од парното, тоа е санирано уште вчера од страна на заеднички служби. Во врска со вашето прашења дали е потпишан договор (за осигурување), тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па потоа да ви кажам дали е така или не – рече тој.

На новинарско прашање дали е законски Клиниката да не биде осигурана, Демири одговори: „Не е законски и за тоа менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност ако е вистина ова што го кажувате. Треба да се провери дали има договори или не“.

Поврзани новости