Семејството Модриќ за пример: Имаат милиони, но не се расфрлаат со пари/ФОТО

393
Фото: Instagram

Хрватскиот репрезентативец и еден од најдобрите светски фудбалери Лука Модриќ веќе 12 сезони го носи дресот на Реал Мадрид. Во шпанската престолнина има прекрасна вила, оаза на мирот, која ја дели со сопругата Вања и децата – синот Иван и ќерките Ема и Софија.

Ема, за која се вели дека е мала копија на нејзиниот татко, вчера го прослави својот 11-ти роденден.

По тој повод се собрало целото среќно семејство. Наместо гости, се фотографираа со трите миленичиња, тоа очигледно е доволно за среќа.

А, и тортата беше едноставна, веројатно по желба на скромното девојче. Чоколадна, со крцкави мониста и бројот 11.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)

Имаше и балони со натпис „Среќен роденден“ на шпански.

Лука и Вања се еден од најкомпатибилните парови на хрватската јавна сцена. Таа е три години постара, а се запознале во 2007 година додека работела во спортската агенција на поранешниот извршен директор на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ.

Подоцна, таа ја презеде улогата на негов агент и го обезбеди неговиот трансфер во Реал Мадрид во 2012 година.

Вања не е типична сопруга на фудбалер. Таа не е на социјални мрежи, не се експонира, децата и нејзиниот сопруг се на прво место, а кристално јасно е зошто токму семејството е изворот на енергијата, инспирацијата и успехот на Модриќ.