НБА: Кари ја понесе наградата Џери Вест

Легендарниот шутер на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари е добитник на овосезонската награда Џери Вест, која се доделува на играчот кој бил најдобар во клучните моменти од натпреварите во НБА лигата.

Минатата сезона беше воведена наградата Џери Вест за најдобар играч во „clutch“, односно во последните пет минути од натпреварите во кои резултатот е до пет поени разлика, а Кари го „наследи“ дефанзивецот на Сакраменто Кингс, Де’Арон Фокс.

Кари во изборот доби вкупно 298 поени (45 први, 18 втори и 19 трети места), второто место со 272 поени (34 први места) го зазеде Демар Дерозан од Чикаго Булс, додека третото место го освои Шаи Гилџеус Александар од Оклахома Сити Тандер со 160 бодови (11 први места).