Македонија
26. April 2024 - 16:30

Учениците возбудени за пролетниот распуст

Последен ден во училишните клупи, оти во понеделник започнува пролетниот распуст за учениците во основното и средното обрзование.  Изморени од тестови и испрашувања, децата си признаа дека воопшто нема да им недостасува училиштето. Кој на плажа во Грција, кој на разгледување на знаменитостите на Рим, сите деца веќе си скроиле планови како ќе си го искористат слободното време.  Чекаат да си стигнат дома и да си ги пакуваат куферите.

Има и такви на кои ќе им недостасува училиштето. Учениците од светиниколско Ерџелија кои денеска беа во посета на Сител телевизија, си ги кажаа плановите за пролетниот распуст.

Најмладите веќе се подготвуваат за големиот христијански празник Велигден. Едвај чекаат да се кршат со јајца и да ги победат останатите.

Основците и средношколците ќе продолжат да слушаат настава на 7. мај,  ден пред одржување на двојните изборите. Во училиштата каде што ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира со скратени часови од 7 до 11 часот. А осми мај, останува неработен ден за сите воспитно-образовни институции, поради вториот круг на претседателски и парламентарни избори. 

МОН реши основците да ги одработуваат деновите кои Владата ги прогласи за неработни поради изборите, во текот на работните седмици. Оваа учебна година за средношколците завршува на 10. јуни, а за учениците во основно образование на 17. јуни.