Денеска одбележуваме 32 години монетарна самостојност!

104

На 26 април беше воведена нашата национална валута ‒ денарот!

Исто така, беше воспоставена институционалната рамка на монетарниот систем, односно Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка.

– Овој датум е значаен во нашата историја, бидејќи со монетарната самостојност се заокружи целовитоста на процесот на формирањето на нашата држава! Во изминатите 32 години, Народната банка се соочи со голем број предизвици, на кои успешно им одговори, додека денарот беше и ќе остане да биде „сидрото на стабилноста на нашата економија“ – потенцираат од Народната банка.