Собрани два камиона ѓубре околу скопскиот аквадукт

507

Младите ентузијасти, активисти од културниот центар „Лабораториум“ и организацијата „За почиста Македонија“, ја исчистија околината на скопскиот аквадукт, која беше полна со ѓубре. Во активноста се приклучи и ЈП „Комунална хигиена“.

Оттаму, како што објавија самите на социјалните мрежи, за два часа, го претвориле аквадуктот од депонија во рај, полнејќи два камиона до горе, со, како што нагласија, сè и сешто: пластични шишиња, огромни и тешки гуми, теписи, тоалетни школки и, како што напишале, други чудни работи.

Активистите порачаа дека не чистат само за да биде чисто туку и за да инспирираат и мотивираат што повеќе луѓе да се грижат за својата околина и да бидат активни во нејзиното зачувување.

– Не барајте човек за пример. Бидете пример! – нагласија од „За почиста Македонија“.