Ќе започне реконструкцијата и доградбата на ООУ „Блаже Конески“ во Аеродром

35

Утврдена е динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром. Како што соопштија од Општина Аеродром тоа е сторено на вчерашниот работен состанок на градоначалникот Тинчо Муцунски со  претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на училиштето, Виолета Ристовска .

– Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност – нагласи Муцунски.

Според него, најважно од се е дека реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните и наставните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово одржавме работен состанок.