По победата на Денвер на третиот натпревар против ЛА Лејкерс во НБА плејофот (0-3 во серијата до четири победи), Ерон Гордон го испофали српскиот центар Никола Јокиќ, за кого истакна дека во голема мера ги олеснува работите во играта на тимот.
- Јокиќ е кошаркарски гениј, рече Гордон, застанувајќи за секунда, а потоа продолжи: „Всушност, тој е гениј кој реши да игра кошарка. Тој ја прави играта многу лесна, ја отвора играта и почнувате да гледате три или четири чекори напред, а тоа изгледа многу полесно, изјави соиграчот на српскиот кошаркар.
“[Joker’s] just a genius who happens to play basketball” 😆 pic.twitter.com/2LhQuXOx9C
— NBA (@NBA) April 26, 2024
Минатата сезона Нагетси ги исфрлија Лејкерс од плејофот во четири натпревари (4-0) или таканаречена „метла“, а такво сценарио се заканува и оваа сезона.