Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) на лигашкиот дел од сезоната на руската ВТБ лига.

Плејмејкерот на Уникс Казан го предводеше својот тим до првото место на табелата во регуларниот лигашки дел, што е за првпат во историјата на тимот. Оваа сезона Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.

По тој повод од ВТБ лигата објавија видео од најдобрите моменти на Ненад Димитирјевиќ во сезоната.