Украинка се обидела да го продаде двегодишниот син за 25.000 евра

115

Во украинскиот град Дњепропетровск, Украинка се обидела да го продаде својот двегодишен син за 25.000 евра (еден милион гривни), но била приведена додека го предавала детето на жена, соопшти прес-службата на украинското државно обвинителство.

Во моментов се разгледува за притвор за мајката, а во тек се и низа истраги за утврдување на сите околности и лица инволвирани за поведување кривична постапка.

Наводно сакала да го продаде синот бидејќи тој ѝ го оневозможувал организирањето на личниот живот и повеќе не сакала да се грижи за него.

Судбината на нејзиниот двегодишен син се уште не е позната, објави украинскиот национален весник (УНН).