Пендаровски вечерва пред граѓаните на Крушево, една од општините во која победи во првиот круг

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Стево Пендаровски се враќа на изборните активности. Претседателскиот кандидат на СДСМ кој загуби убедливо во првиот круг од Гордана Силјановска-Давкова, серијата на средби со граѓаните и митинзи пред вториот круг ја стартува во Крушево.

Инаку Крушево е една од двете општини во која Пендаровски освои повеќе гласови од Гордана Силјановска – Давкова.

Втората каде што Пендаровски имаше повеќе гласови од својата конкурентка е во Маврово-Ростуше. Таму Пендаровски ќе се обрати утре. Утре е предвидено да има средба и со жителите на Охрид и на Струга.