Breaking News

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан


Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.


Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.


Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.


Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија. Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина. сд/фото:МИА архива .


Извор: МИА