Поплава во Токсикологија – Клиниката не е осигурана

Синоќа пукнала парна цевка на Клиниката за токсикологија при Клинички центар и час и половина течела вода од радијаторот, по што просториите на третиот кат биле поплавени, но водата продолжила да тече надолу кон подрумот, објави Слободен печат.

За ваква несреќа пред неколку дена предупредил вработен на Клиниката за токсикологија, кој преку допис упатен до медиумот предупредил дека Клиниката за токсикологија не е осигурана. Според информациите на медиумот, медицинскиот директор д-р Данил Петровски се потпишал на клиниката да биде осигурана, но економскиот директор Бесија Иљази не го дала обврзувачкиот потпис за решението, па клиниката не е осигурана.

„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапа медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д. месеци, иако за Тоа сме обврзани со закон“, се вели во реакцијата на вработените во Токсикологија.