Загина 20-годишно момче од Прилеп: со неговото возило се судрил со камион

by Fokus

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од прилепското село Браилово.

Според информациите, сообраќајната несреќа се случила вчера на регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп откако со неговото возило се судрил со камион.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на несреќата. Повреден е 43-годишниот возач на камионот, пренесен е во болницата во Прилеп.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

Поврзани новости