ПСЖ и Барса го договараат вториот најголем трансфер во фудбалската историја!

1479
epa10532888 FC Barcelona's players celebrate the 1-1 goal during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Real Madrid, in Barcelona, Spain, 19 March 2023. EPA-EFE/Siu Wu

Француски „Le Parisien“ објави дека ПСЖ планира за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на Ламине Јамал (16), најголемиот талент на Барселона, кој во договорот има откупна клаузула од една милијарда евра. Секако, таквата клаузула не значи дека каталонскиот гигант бара толку многу за него, туку таа служи само за да го заштити клубот од некаква поскромна клаузула и заинтересираниот клуб да го искористи правото да преговара со играчот без клубот да може да го спречи тоа.

Веќе нема никаква дилема дека Килијан Мбапе летово ќе го напушти ПСЖ како слободен играч и ќе потпише за Реал (М). Затоа парижаните се решени да го доведат Јамал како замена за Мбапе. Не нужно според неговите играчки квалитети, туку поради статусот на ѕвезда и фактот дека тој може да биде носител на играта на ПСЖ во годините што доаѓаат бидејќи се уште не е ни полнолетен.

„Светците“ и претходно покажуваа голем интерес за Јамал, а „Марка“ уште во март пишуваше дека Французите се заинтересирани за крилниот напаѓач на Барса. „Le Parisien“ наведува дека сега се воспоставени првите контакти меѓу клубовите, а доколку Барселона ја прифати понудата на ПСЖ, тоа ќе биде втор најголем трансфер во историјата на фудбалот. На врвот е Неимар кој исто така беше купен од ПСЖ од Барселона за 222 милиони евра.