Breaking News

Георгиевски на увид во реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Текија 


Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски изврши увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населеното место Текија.


Како што информира Општина Илинден, Георгиевски истакна дека и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, ќе има проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден.


– Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование, како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови, изјави Георгиевски.


Општина Илинден најави дека продолжува со реконструкција на постојните и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места. мд/дма/Фото: Општина Илинден  .

Извор: МИА