EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Евандер Холифилд е еден од најдобрите боксери на сите времиња. Во доцните осумдесетти години на минатиот век, тој владееше во крузер категоријата како апсолутен шампион, а во раните деведесетти успеа да ги обедини појасите и во тешка категорија. Тој се бореше со големи имиња како Мајк Тајсон, Ленокс Луис и Џорџ Форман.

Мина низ сито и решето во својата кариера, боксуваше против најголемите имиња во историјата на овој спорт и даде изјава за тоа чиј удар е најболен, односно најтежок.

  • Човекот што ме удри најсилно во кариерата беше Џорџ Форман. Ме удри во единаесеттата рунда, а јас се вратив во аголот и прашав дали ми ги искрши сите заби – изјави Холифилд за ESNEWS.

Инаку, борбата помеѓу Форман и Холифилд се одржа во средината од април 1991 година, во Конференциската сала (Атлантик Сити, Њу Џерси, Соединетите Американски Држави). Форман влезе на мечот во својата 42. година, но славеше тогаш 28-годишниот Холифилд, со едногласна судиска одлука, кој на тој начин ги одбрани појасите според верзиите на ВБА, ВБЦ и ИБФ.