EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Новак Ѓоковиќ во моментов е без тренер по разделбата со Горан Иванишевиќ, а очигледно ќе остане сам и во наредниот период.

За време на Мастерсот во Монте Карло тренираше со Ненад Зимоњиќ, некогаш најдобриот светски играч во двојки. Сепак, сè уште не е сигурно дали Зимоњиќ ќе биде нов тренер на Ѓоковиќ.

  • Сè уште се прашувам дали всушност ми треба тренер или не. Размислувам за разни работи. Бев на последниот турнир со Ненад Зимоњиќ и ќе донесам конечна одлука во следните неколку недели или месеци. Играв професионален тенис повеќе од 20 години и имав различни тренери. Мислам дека не ми треба тренер или физиотерапевт, бидејќи целиот стручен тим  е тој што на крајот е формулата за успех. Тоа е она што те прави подобар, но моментално сум во фаза од мојата кариера каде што се прашувам дали една од опциите е да бидам без тренер, истакна Новак.