Почнува „Цветната недела“ – важни правила и обичаи за време на шестата недела од велигденскиот пост

650
Pexels

Православните верници влегуваат во шестата недела од големиот велигденски пост, која уште се нарекува Цветници.

Претпоследната недела од Великиот пост е именувана по празникот на цвеќето, кој го одбележува влегувањето на Исус Христос во Ерусалим. Оваа недела обично треба да се пости на вода од понеделник до петок. Во сабота е дозволено масло, а во недела риба, бидејќи на тој ден се слави Цветници.

На овој празник му претходи Лазарева сабота. Овој празник секогаш се слави во пресрет на Цветници и го одбележува воскресението на Лазар четири дена по неговата смрт.

Овој радосен празник се смета за детски празник.

Во Лазарова сабота се носат децата во црква, а по вечерната богослужба се осветуваат млади врбoви гранчиња од кои се плетат венци кои децата ги носат во косата, а подоцна се ставаат покрај иконата и кандилото во домот.

Се купуваат и мали ѕвона, кои децата ги носат околу вратот, како спомен на децата кои радосно го поздравувале Исус Христос пред да влезат во Ерусалим.

По Цветници, верниците влегуваат во Страдалната недела, седмата и последна недела од Велигденскиот пост, по што со многу убави стари обичаи се празнува најголемиот христијански празник – Велигден.