Новата Мис Буенос Аирес има 60 години и е адвокатка: Алехандра Родригез испиша историја/ФОТО

3042
Printscreen/Youtube

Алехандра Мариса Родригез ја освои титулата Мис Буенос Аирес на 60-годишна возраст. Со тоа се квалификуваше за натпреварот за Мис Универзум Аргентина. Со децении ова натпреварување имаше возрасна граница, а потоа сѐ се промени.

„Многу сум возбудена и почестена што ја освоив титулата. Сакам да им покажам на сите жени дека убавината не е поврзана со годините и дека можеме да ги надминеме пречките“, изјави мисицата која по професија е адвокатка и новинарка.

Таа доби шанса да се натпреварува на изборот за убавина по укинувањето на старосната граница на крајот на 2023 година. Тоа правило важеше од 1958 година. Тоа предвидуваше дека натпреварувачите мора да бидат на возраст од 18 до 28 години.

Алехандра не сакаше да пропушти шанса и ги победи многу помладите натпреварувачи. Рекла дека за нејзината убавина се заслужни тренинзите и здравата исхрана како и негата на лицето. Таа е разведена и живее сама, а се пошегува дека можеби тоа и придонело да ја носи круната.

„Мислам дека судиите ја забележаа мојата самодоверба и страст да ги претставувам жените од мојата генерација. Убавината нема рок на траење. За да бидеш убава, само треба да веруваш во себе и да бидеш автентична“, рече таа.

Следното натпреварување е за еден месец, 25 мај, а многумина мислат дека оваа девојка ќе победи. Odditycentral.com пишува за победата на оваа Аргентинка и истакнува дека таа се должи на нејзиниот младешки изглед.

Сепак, најважно е што границите се пробиени.