Одложено гласањето за резолуцијата за Сребреница во ОН

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Гласањето за резолуцијата за Сребреница кое требаше да се одржи на 2. мај, е одложено, потврди амбасадорот на Босна и Херцеговина во ОН, Златко Лагумџија.

– Во овој момент знаеме дека седницата нема да се одржи на 2 мај, бидејќи денеска го испраќаме текстот на резолуцијата на ревизија, доколку земјите членки на ОН имаат други предлози за текстот. Генералното собрание ќе се одржи по 6 мај, во зависност од распоредот на седниците, што ќе го знаеме во вторник – рече Лагумџија.

– Во оваа одлука учествуваше и мисијата на Босна и Херцеговина во ОН, со цел оние на кои им треба време или оние кои се подготвени за подобро разбирање на текстот на резолуцијата, дека како група пријатели и спонзори на резолуцијата, тие се отворени за понатамошни консултации – додаде тој.