Малиот Војдан е дете со церебрална парализа. Предвремено родено дете, кое е борец уште од првата секунда од неговиот живот. Седумдесет и еден ден ги поминал во инкубатор, на респиратор, со многу дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома. Сега води тешка битка. Неговата мајка Марија се обраќa и бара помош.

Војдан поради рехабилитација од церебрална парализа, на 6 мај треба повторно да патува во Загреб, каде што одат секој месец.

Фондот за здравство ги одбил, бидејќи не се работело за операција.

Информации околу кампањата за собирање на донации има тука.

Контактите од Марија Спасовска, мајката на Војдан се:

[email protected]

телефон: 072 221 907