ПОВЕЌЕ

    ПроКредит банка предупредува: Лажната реклама е обид за крадење лични и финансиски податоци

    Време зa читање: < 1 минутa

    Лажно банкарско известување во вид на рекламна објава се шири на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

    „Незаконски и неовластено се користи името на ПроКредит банка, како и имиња на други банки, во намера да се измамат корисници на социјалните мрежи“, предупредуваат од ПроКредит.

    Преку лажната објава се промовираат наводни брзи заеми и кредити без кредитна проверка, доказ за приход и само со лична карта.

    „Доколку забележите вакви лажни промотивни објави на социјалните медиуми, за Ваша сигурност, не ги отворајте, не кликајте и никако не споделувајте Ваши лични или финансиски податоци“, алармираат од ПроКредит банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично