Мицкоски: Одговор на евентуален бојкот на СДСМ и ДУИ во вториот круг е масовна излезност

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Христијан Мицкоски денеска од Охрид го коментираше евентуалниот бојкот на СДСМ и на ДУИ во вториот круг претседателски избори.

„Одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг од изборите е мобилизација на граѓаните и масовна излезеност. Доколку обете партии се решат на бојкот, со тоа ќе покажат незрелост, односно дека не се државотворни туку партии кои што водат интерес за малкумината што ги предводат“, изјави Мицкоски и додаде:

„Треба да сте достоинствени и во поразот. А вчера ВМРО-ДПМНЕ, со резултатите на првиот круг на изборите ја победи целосната владина коалиција убедливо. Тука зборувам на двајцата кандидати на власта – едниот е Стево Пендаровски, вториот е Бујар Османи. Кога заедно ќе ги соберете доаѓаат околу 300 илјади гласа. ВМРО-ДПМНЕ само, односно професорката Силјановска има 363 илјади гласа, според последните бројки коишто доаѓаат од ДИК. Значи ВМРО-ДПМНЕ како што им кажа така и стори заедно со народот, ја порази Владата. Очигледно е дека има големо антивладино расположение.