Вучиќ ги нарече Словенците „одвратни“, па им се извини

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се извини поради изјавата во која ги нарече Словенците „одвратни“, кажувајќи дека мислеле на седницата на Советот за бебзедност на Обединетите Нации.

„Ако било кој од Словенија сум го повредил, се извинувам, но нема да се извинам на словенечките политичари“, порача Вучиќ.

„Јас реков дека Словенците се одвратни мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа е важна тема и секому му беше јасно дека се однесува на поединци и се однесува на нивната политика. Секако дека тоа не е речник кој треба да се користи, но човечки кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ, кој додаде деоа Словенците како народ им посакува се најдобро и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.