ПОВЕЌЕ

    ОВОЈ ГЕРМАНСКИ ГИГАНТ ДЕЛИ ОГРОМНИ БОНУСИ ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ: И до 400.000 евра отпремнини за оние кои ќе решат да заминат

    Време зa читање: 2 минути

    Германскиот производител на автомобили Фолксваген се обидува да го намали бројот на работници така што нуди високи отпремнини кои можат да изнесуваат и над 400.000 евра, со дополнителен бонус од 50.000 евра, за оние кои веднаш ќе решат да си одат.

    Најниската можна отпремнина е 17.700 евра и важи за сите што биле вработени во Фолксваген до пет години, а највисока можна отпремнина од 404.700 евра се нуди за работниците кои биле вработени во Фолксваген најмалку 20 години и кои се на највисоко ниво на плата, пренесува германскиот економски неделник Wirschaftsvohe.

    Дополнително, компанијата нуди дополнителен бонус од 50.000 евра, кој важи за сите кои се во Фолксваген повеќе од пет години и ја прифаќаат понудата за отпремнина во рок од две недели.

    На отпремнината се применува принципот на двојна согласност, што значи дека и компанијата и вработениот мора да се согласат со тоа.

    Не знае какви услови ќе важат за менаџерите, но германскиот весник наведува дека отпремнината во овој случај ќе биде уште поголема.

    Компанијата најави дека почнува тригодишна програма за штедење која треба да ја зголеми нејзината профитабилност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично