EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Американската тенисерка Коко Гауф (20) моментално го држи третото место на ВТА ранг-листата и успеа да стане првата тинејџерка од САД која го освоила САД Опен, по речиси четвртина век. Таа неодамна даде интервју за „Тајм“ во кое ги опиша своите негативни спомени од хрватските фанови.

  • Кога имав 12 години бев на турнир во Франција. На трибините имаше и група хрватски навивачи кои ми фрлаа кори од портокал и ме нарекоа мајмун. Плачев таа вечер, но преболев. Веројатно не пораснале околу луѓе кои се разликуваат од нив, не сум лута поради тоа, тоа искуство не влијаеше на мене, истакна Американката.

Гауф минатата недела беше дел од ВТА турнирот во Штутгарт каде што во четвртфиналето загуби од украинската тенисерка Марта Костјук.