„Сега сте побезбедни“: Првите „Рафали“ стигнаа во Хрватска

1149

Првите француски авиони „Рафали“ денеска влегоа во хрватскиот воздушен простор, пренесува „Јутарњи лист“. Церемонијата беше организирана во воената база Плесо, каде што присуствуваше и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

При влегувањето во хрватскиот воздушен простор, пилотот рекол: Сега сте побезбедни. На свеченоста беа присутни бројни политичари, а пред нивното пристигнување во Хрватска за „ХТВ“ за овие авиони зборуваше бригадниот генерал Давор Третињак, началник на Секторот за оружје и опрема на Министерството за одбрана.

Каков е авионот „Рафал“?
„Рафал“ е француски повеќенаменски млазен ловец со два мотори од четвртата генерација. Тој е главен столб на француските воздухопловни сили и француската морнарица, како и на странските традиционални корисници на борбените авиони Марсел Дасо за операции од копно и море во периодот до 2040 година.

„Рафал“ е способен да достигне максимална брзина што одговара на мах број 1,8, а со 6 проектили постигнува суперсонична брзина што одговара на мах број 1,4. Неговата максимална носивост е 9,5 тони, што го прави единствениот ловец способен да изврши мисија додека носи 1,5 пати поголема тежина од сопствената тежина.

Може да извршува повеќе задачи со различни профили на летот истовремено, што му дава високи повеќенаменски карактеристики. Во својата програма има гласовни команди, радарот RBE2 AA со активно електронско скенирање и предниот оптоелектронски инфрацрвен сензор за пребарување и следење цели се домашен развој и производ.

Овој авион ја имаше својата премиера на 28 март и 1 април 2007 година, во борбена употреба како дел од операциите на НАТО во Авганистан. Потоа учествувал во воената интервенција во Либија и во борбата против ИСИС.