Ако вчера имаше парламентарни избори, колку мандати ќе освоеа партиите и како ќе коалицираа?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ако вчера се гласаше на парламентарни избори, распоредот на силите во Собранието би изгледал вака:

ВМРО-ДПМНЕ 53 ПРАТЕНИЦИ
СДСМ 24 ПРАТЕНИЦИ
ЕВРОПСКИ ФРОНТ 17 ПРАТЕНИЦИ
ВРЕДИ 12 ПРАТЕНИЦИ
ЗНАМ 10
ЛЕВИЦА 4

Согласно Донтовиот метод на распределба на мандатите, во овие резултати можна е грешка до максимум еден мандат поради тоа што дел од општините припаѓаат на две изборни единици, како на пример Маврово, Дебар, Прилеп, Чаир…

Доколку бројките ги споредиме со мандатите од последните парламентарни избори, може да заклучиме дека ВМРО-ДПМНЕ би имала 9 пратеници повеќе, СДСМ би загубила 22 пратеници, ДУИ би добила дополнително двајца, коалицијата „Вреди“ би добила плус пет пратеници, како и Левица плус два пратеници.

За мандати се прогнозираше уште синоќа во изборната маратонска ноќ на ТВ21.

Азир Алиу: Ако ги претвориш во пратеници, е некаде 13-15.
ТВ21: 13-15 за кого?
Алиу: За ДУИ 15, и ВРЕДИ 13.

-Па како не! 40.000 гласа разлика, а 2-ца пратеници разлика-рече Адеми.

За избор на Влада потребни се 61 пратеник. Но кои се можните коалиции. ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „Вреди“ би имала доволен број за состав на Влада, а можно е тука да се присоедини и „Знам“ на Максим Димитриевски, па бројот да стигне до 75 пратеници. А доколку и Левица одлучи да учествува, бројот би стигнал и до 79 пратеници.

„Се слушнав со албанската опозиција, со господинот Арбен Таравари му честитав на резултатот и му посакав успшени парламентарни избори и идна Влада во Македонија“, рече Мицкоски.

СДСМ пак доколку се обиде да направи Влада со Европскиот фронт на ДУИ, ќе им недостасуваат 20 пратеници. Помалку веројатно е „ЗНАМ“ на Максим Димитриевски да биде во игра во каква комбинација, но неговите мандати не би завршиле работа, па ќе недостасуваат уште 10.

„Ние на овие избори не учествуваме на олимписки игри каде е важно да се учествува, туку учествуваме на изборите да победиме“, изјави Ковачевски.

До парламентарните избори остануваат уште 13 дена, а до тогаш нејасно е и како би се остварило сценариото за Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ откако лидерот на ДУИ Али Ахмети во интевју за ТВ21 откри дека албанските партии имаат потпишано договор со кој се гарантира дека нема да влезат во Влада која не поддржува Уставни промени.