Фото: Пиксабеј
Сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки управувано од  М.М. (20) од с. Браилово, и прилепско и товарно моторно возило марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Т. (43) од Скопје се случила денеска околу 12:30 часот во атарот на село Новоселани.
Во несреќата на лице место од повредите настанала смрт кај М.М. констатирана од доктор од Итна медицинска помош-Прилеп, а додека кај К.Т. констатирани се телесни повреди.
Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. Истрагата е во тек.
Ка.М.