Македонија
25. April 2024 - 16:37

Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда

Со двојно поголема предност за Гордана Силјановска Дафкова ВМРО ДПМНЕ објави убедлива победа на првиот круг од претседателските избори. Лидерот Христијан Мицкоски е убеден во конечна победа на 8 мај, па ги повика граѓаните докрај да ја завршат работата во вториот круг. Вели ова е револуција, а народот покажа дека ја сака Македонија.

Според партијата во 60 општини Силјановска Дафкова има двојно поголема предност пред Пендаровски. Велат повеќе од 360 илјади граѓани испорачаа црвен картон за погубните политики на СДСМ и ДУИ затоа време е да заминат во опозиција.

Неповолниот изборен резултат за СДСМ и Пендаровски беше дочекан со најава дека нема да се откажат од намерата за европска иднина на државата. Велат дека не било доцна за да се смени правецот на одлучување.

Силјановска и Пендаровски ќе се соочат повторно во вториот круг, а по резултатите ќе биде јасно и каде ќе завршат гласовите на останатите кандидати. Иако партиите на претседателските кандидати кои не го поминаа филтерот за вториот круг јасно не порача дека своите гласачи ќе ги насочат со поддршка за Силјановска Дафкова, сепак од ВМРО ДПМНЕ ја очекуваат нивната поддршка.