Откриен кокаин во стока во неколку германски супермаркети

Вработени откриле кокаин во стока во неколку супермаркети во Берлин и Бранденбург, Германија. Веста за откривањето на дрогата ја објави „Билд“, кој се повикува на информации од безбедносни кругови.

Откриени се повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.

Засега не се знае во колку берлински супермаркети било пронајдено дрога. Најмалку четири дисконти биле предмет на истрага во Бранденбург.

Се вели дека се откриени меѓу 20 и 100 килограми дрога во супермаркет. Полицијата се уште врши увид на робата во дисконтите. Според тоа, вкупната количина на кокаин е сè уште непозната.

„Полициските сили на Берлин сега пристигнаа во Бранденбург и обезбедуваат административна помош во истрагите во областа“, соопшти полицијата.

Припадници на специјалната полиција во Германија биле снимени пред маркет на Лидл, каде се претпоставува дека имало дрога.