„Детски песнички за весели празници“

57

Градинката „Гонџа“ од Скопје учествува во проектот „Детски песнички за весели празници“, преку европската образовна програма „Еразмус+“, заедно со градинката „Сончево детство 65“ од Софија и студиото „Мокактус“ од Софија.

Проектот се реализира 18 месеци и ќе заврши во јули 2024.

Меѓу другото, опфаќа по шест снимени видеа од двете градинки, за кои се подготвени и постери со кодови што може да се скенираат. Сите снимени видеа се прикачени на нивните јутјуб-канали.

– На 23 април 2024, се одржа наш заеднички вебинар, на кој беше презентирана целокупната работа што ја реализираа двете детски градинки во овој период, со помош на опремата што ја добивме од проектот. Овој проект беше многу забавен за двете градинки, каде што децата имаа можност да се запознаат со разни култури и разни песнички за различни празници – соопшти македонскиот партнер во проектот.