Макрон: Европа може да умре

65
EPA EFE ANGELO CARCONI

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.

Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од добиена и дека постои ризик од заостанување зад светските ривали во наредната деценија – пренесе „Ројтерс“.

Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.

Макрон истакна дека моделот на економски раст на Европската унија мора да се промени бидејќи сегашниот не е одржлив и дека ЕУ заостанува во глобален контекст каде се доведуваат во прашање принципите на слободната трговија.

Тој додаде дека Брегзит е „експлозија чии негативни ефекти значат дека денес никој не треба да се осмели да предложи напуштање на Европа“.