Пакети со кокаин пристигнаа во германските супермаркети: Меѓу полиците околу 100 килограми дрога

77

Работници откриле кокаин во стока во неколку супермаркети во Берлин и Бранденбург, Германија. Веста за откривањето на дрогата ја објави Билд, кој се повикува на информации од безбедносни кругови.

Засега не се знае во колку берлински супермаркети било пронајдено дрога. Според германските медиуми дрга е пронајдена во најмалку четири дисконти во Бранденбург.

Се вели дека се откриени меѓу 20 и 100 килограми дрога по супермаркет. Полицијата се уште врши увид на робата во дисконтите. Според тоа, вкупната количина на кокаин е сè уште нејасна.

„Полициските сили на Берлин сега пристигнаа во Бранденбург и обезбедуваат административна помош во истрагите во областа“, соопшти полицијата.

Припадници на специјалната полиција во Германија биле снимени пред продавница на Лидл, па се претпоставува дека во продавницата има сомнеж дека има дрога.