Кривична пријава против жител на Росоман за незаконско тргување и посредување со оружје

by Fokus

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Д.(32) од Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 став 1 од К.З. на Р.С.М.

На 02.06.2023 со наредба од суд бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени воздушна пушка „гамо“ со оптички нишан „бушнел“, 5 патрони ловна муниција и 17 боеви куршуми различен калибар, а при претрес на неговото патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки биле пронајдени и одземени 8 патрони ловна муниција кои ги поседувал без дозвола.

Поврзани новости